Над 200 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот на Крит

Од:

Повеќе од 200 пожарникари на грчкиот остров Крит се обидуваат да го локализираат големиот пожар кој ги принуди властите да евакуираат едно село, а другите села да ги подготват за евакуација.

Противпожарната служба соопшти дека 222 пожарникари се борат со пожарот во областа Ретимно на западен Крит, вклучително и 32 кои дошле од други делови на Грција, пренесе АП.

Во моментов нема извештаи за штети во домови или повредени. Малото село Агиа Параскеви е евакуирано како мерка на претпазливост. Жителите на три соседни села, исто така, се предупредени да бидат подготвени да ги напуштат своите домови доколку е потребно.

Пожарот беснее низ грмушки и маслинови градини, носeн од силен ветер.

Повеќе од 2.000 шумски пожари избувнаа ширум Грција ова лето, поради блага, сува зима и топла пролет.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац