На секои пет минути во Ургентниот центар во Нови Сад пристигнува брза помош со повредени

Од:

На секои пет минути во Ургентниот центар во Нови Сад пристигнуваат возила на итната помош, кои ги носат повредените во уривањето на настрешницата на железничката станица во тој град, јавува РТВ.

Како што се наведува, засега нема точни информации за бројот на повредени бидејќи теренот се уште се расчистува.

На терен се пристигнати и багери кои го расчистуваат теренот. Сообраќајот во тој дел од градот се одвива отежнато и е регулирано од полицијата.

Поради трагичниот настан на железничката станица и затворањето на тој дел од градот, сите автобуси на релации кои поаѓаат и завршуваат во Потковица, во наредниот период ќе сообраќаат од редовни постојки на поширок потег околу Потковица, информираат РТВ.

На железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот паднала бетонската настрешница на зградата на станицата и во оваа несреќа има повредени, соопштија претходно од Железничката инфраструктура на Србија.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за поранешниот српски министер Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Мајката на починатата Ангела: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски