На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Од:

Вистинска драма се одвивала во вторникот наутро во итната медицинска помош на клиничката болница Свети Дух во Загреб. Две медицински сестри наеднаш почнале да кашлаат и почувствувале печење во грлото, околу очите и носот, а потоа исти симптоми имало и едно лице кое придружувало пациент до итната медицинска помош.

„Околу 7.30 часот редовно доаѓам на работа. Немаше ни чад, ни мирис, ништо, само наеднаш почна да кашлаат, а очите почнаа да им се стеснуваат“, рече Дубравка Иваниќ, главна медицинска сестра.

Сестрите ги прегледал лекар кој ја потврдил иритацијата, но никому не му е јасна причината. Во просторијата имало 20 пациенти, сите биле преместени, а итната помош била затворена пет часа.

„Од страната на болницата го проветривме и исчистивме просторот, ги прегледавме сите инсталации – од анестетици до климатизација, ги проверивме медицинските гасови и градскиот гас. Сега не можеме точно да знаеме која е причината“, објасни директорот на болницата Игор Алфиревиќ.

Пожарникарите излегле на терен и се обиделе да ја „прочитаат“ концентрацијата на штетни гасови, но тестот бил негативен. Таму биле и вработените во централата за гас, но не го забележале истекувањето на гасот. Од полицијата за ТВ Дневник Нова велат дека се уште се утврдуваат сите околности за овој настан. Земени беа и снимките од камерите за надзор, кои треба да и помогнат на полицијата да утврди што навистина се случило.

Итниот прием повторно бил отворен од 14 часот. Ниту еден од пациентите не пријавил нови симптоми.

„Сега навистина не можам да шпекулирам за кој агент станува збор. За жал, не ја најдовме причината. Секогаш е проблем кога не се најде причината бидејќи не плаши дека таков настан може да се повтори“, рече Алфиревиќ.

Двете сестри кои се пуштени дома се уште не се чувствуваат добро.

„Тие велат дека сè уште имаат главоболки и вознемиреност. Зедоа боледување. Едната има астма, се плаши од хронична болест. Сè уште не можат да веруваат во ситуацијата во која се нашле“, истакна Иваниќ.

Би можело да ве интересира

Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Горан Наумовски

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски