На Мацура му е одреден притвор од 30 дена, осомничен дека од трезорот на Алта банка изнел 45 милијарди динари

Од:

Судија за претходна постапка при Вишиот суд во Белград, во Посебното одделение за организиран криминал, им одреди притвор до 30 дена на Давор Мацура, Г.М. и И.П., обвинети во случајот со извлекување пари од трезорот на „Алта банка“.

Притворот е одреден поради опасност од влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Дополнително, за Мацура е утврден и притворскиот основ опасност од бегство.

Мацура е обвинет за злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека Г.М. и И.П. се товарат за помагање во извршувањето на истото кривично дело.

Според претходните наводи на обвинителството, постои сомневање дека Мацура, во периодот до 31 октомври, ги пречекорил своите овластувања и од трезорот на „Алта банка“ изнел пари во вредност од околу 45 милијарди динари.

Според истрагата, Г.М. и И.П., кои биле задолжени за директно ракување со вредностите во трезорот, му овозможиле неовластен пристап до просторијата. Тоа го направиле или со предавање картички за пристап или со користење на сопствените картички и лично присуство.

По налог на обвинителството, на 31 октомври и 1 ноември биле извршени претреси во просториите на банката и во домот на Мацура. Биле попишани и готовите пари во трезорот на банката.

Против одлуката за притвор е дозволена жалба до вонрасправниот кривичен совет на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, соопшти судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

„АЛТА банка“ се продава: Првата аукција на 30 ноември, почетната цена 3.777 денари по акција

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

А1он

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски