На Косово укинат ДДВ за увоз на жито и брашно поради коронавирусот

Од:

Министерот за финансии и трансфери на Косово Бесник Бислими донесе одлука за ослободување од плаќање на данокот на додадена вредност на увозот на жито и брашно за производство на леб и лебни производи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата е објавена преку владино соопштение до медиумите, во кое се наведува дека одлуката „има за цел спроведување на дополнителните мерки на Владата, усвоени по потврдувањето на последните случаи на заразени од вирусот Ковид-19“.

– Министерот за финансии и трансфери Бесник Бислими донесе одлука за времено ослободување од плаќањето на ДДВ на сиот увоз на жито и брашно за производство на леб и лебни продукти. Поаѓајќи од оваа одлука, по автоматизам и без потреба за поднесување посебни барања, се ослободуваат времено од царинската такса и ДДВ-то сите производни бизнис-субјекти или нивните контрактори кои се занимаваат со увоз на сировина. За спроведување на оваа одлука се задолжуваат Даночната управа на Косово и Царините на Косово, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија