На Косово уапсени пет лица, осомничени дека се членови на ИД

Од:

Во косовската општина Грачаница се уапсени пет лица осомничени дека се членови на исламистичката групација Исламска држава, изјави претседавачот на Судот во Приштина, Хамди Ибрахими.

– Рано изутрината се уапсени три лица, а подоцна уште две, појасни тој.

Портпаролот на косовската полиција изјави дека во 1:40 часот по полноќ полицијата сопрела покрај езерото Бадовац два автомобила, во кои е пронајдено оружје, муниција и материјали, кои ги прикажуваат активностите на ИД и оти поради тоа постојат сомневања дека уапсените се поврзани со оваа групација.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за жители на Косово.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти