Кипар: 5.000 млади ќе се тестираат за Ковид-19 во барови, ресторани и молови

Од:

За да се добие појасна слика за епидемиолошката ситуација во земјата, Министерството за здравство на Кипар ќе спроведе 5.000 тестирања за Ковид-19 на лица меѓу 18 и 40 години во простори каде што се создаваат гужви, како што се барови, ресторани, трговски центри и молови, универзитети.

Одлуката доаѓа откако во изминатите седмици било констатирано дека големиот број позитивни на коронавирусот се млади лица, а во повеќето случаи асимптоматски.

Тестирањата ќе ги вршат мобилни единици во простори каде што се создаваат гужви, а од Министерството за здравство на Кипар ги повикуваат лицата од 18 до 40 години да учествуваат во лабораториските анализи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот