На Кипар четири нови потврдени случаи на коронавирусот

Од:

Кипарското Министерство за здравство денеска соопшти дека во земјата се регистрирани четири нови позитивни случаи на коронавирусот, а вкупниот број лица заразени со Ковид-19 изнесува шест.

Од четворицата, еден од вчера е веќе во болница, еден е во домашна изолација, а двајца пристигнале од Велика Британија, а на аеродромот во Ларнака, термичките камери регистрирале висока температура, по што веднаш биле хоспитализирани.

Единицата за епидемиолошки надзор на Министерството за здравство на Кипар започна со процедурата за пронаоѓање на контактите на четирите нови случаи.

На Кипар, првите два случаи на заразени со коронавирус беа регистрирани во понеделникот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ