На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Од:

БИА во соработка со припадници на полицијата и надлежното обвинителство стопирале нелегални активности на фармата кај Кучево.

Имено, бил претресен куќата, како и други простории од имотот, а во таа прилика биле пронајдени и неколку куфери.

Во нив имало четири дронови со придружна опрема, контролер за контрола на дронот, виртуелни очила, опрема за „фаќање“ дронови во лет во вид на мрежи, опрема за воспоставување сателитска комуникација т.н. Star Link (рутер и сателитски примопредавател), радио станици и импровизирани рачно изработени батерии.

Пронајдени се и фосфор и други запаливи течности, како и часовници кои најверојатно служеле за активирање на запаливи материи, разузнавачки уреди (двоглед), лаптоп компјутер и воени маскирни елеци-кабаници.

Според првите информации, овој имот како импровизиран камп го користеле одреден број странци, државјани на повеќе држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски