На дуелот Милановиќ – Китаровиќ повторно тема Србија и Вучиќ

Од:

На синоќешниот телевизиски дуел кандидатите за претседателските избори во Хрватска, кои влегоа во вториот круг, Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ се осврнаа на Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ.

Милановиќ изјави дека доколку победи на изборите, на неговата инаугурација не би го поканил српскиот претседател, а Грабар-Китаровиќ истакна дека Вучиќ не би го викнала повторно во Хрватска додека не се реши прашањето со исчезнатите лица во војната.

Милановиќ не е против економската соработка со Србија поради „трговските врски на хрватските компании“.

– Патот на Србија кон ЕУ не би го блокирал, освен ако земјата не даде доволно причини за да нема друг избор, нагласи Милановиќ, додавајќи дека не сака блокирањето на евроинтеграциите на Србија да го користи како „монета за уништување на една држава, која има несреќа да ја предводи Вучиќ“, нарекувајќи го „воен кабадаија“.

Грабар-Китаровиќ изјави дека Србија треба да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, вклучувајќи решавање на билатералните прашања, како што ги исполните сите други држави, меѓу кои и Хрватска.

– На тоа ќе инсистираме, наведе Китаровиќ, додавајќи дека во стратегијата за пристапување во ЕУ на државите од Западен Балкан се вели дека пред да стапат во членство тие мора да ги исполнат отворените билатерални прашања, издвојувајќи ги „прашањето со границите, исчезнатите лица, универзалната односно регионалната јурисдикција“.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац