По најавата за поскапување на цигарите во БиХ од 1 јануари следната година, агенцијата Анадолија ја истражи состојбата на пазарот во земјите од југоисточна Европа, како и во остатокот од светот.
Според наводите на портпалот Cigaretteprices, најевтините цигари се купуваат во Србија, каде, на примерм, кутија Марлборо чини 1,7 евра, а и цената на остантите брендови како Камел, Пал Мал, Винстон, Принс, Лаки страјк, и Честерфилд се приближно исти како на Марлборото.
Од друга страна, најскапите цигари во земјите од регионот се купуваат во Хрватска, каде Марлборо и Камел чинат дури три евра. Исто така, Ронхил и Валтер Вулф чинат околу 2,65 евра.
Босна и Херцеговина во однос на другите земји од регионот се наоѓа во „златната средина“ бидејќи кутија Марлборо во оваа земја може да се купи за 3,7 конвертабилни марки или 1,9 евра. Цените на останатите брендови во БиХ се движат од 1,22 до 2,55 евра. Меѓутоа, од почетокот на следната година повеќето цигари на пазарот во БиХ ќе се продаваат по нови, повисоки цени. Така, најевтините цигари во БиХ ќе чинат 2,75 ДМ или 1,40 евра, а најскапите 5,15 ДМ или 2,63 евра.
Кутија Марлборо во Македонија чини околу две евра, а во Црна Гора за неа се одвојуваат 2,2 евра. Во Словенија, кутијата Марлборо или Честерфилд ќе ја платите 3,2 евра, во Турција 3,3, во Бугарија 2,6, во Грција четири, во Унгарија 2,4, во Романија 2,7 а во Словачка 3,3 евра.
Набљудувано на ниво на цела Европа, најскапите цигари се продаваат во Норвешка каде кутија Марлборо или Камел чинат 10,9 евра. Следи Ирска со девет, Велика Британија со 7,7, Франција со 6,6, Швајцарија со шест евра за кутија цигари од наведената марка.
Од друга страна, според европските мерила, најевтиното Марлборо може да се купи во Белорусија каде чини 0,8 евра, следена од Грузија со 1,3 и Молдавија и Украина со цена од само едно евро.