На 11 октомври „Лидл” ги отвора своите први продавници во Србија

Од:

Компанијата „Лидл Србија” ќе почне со работа на 11 октомври, отворајќи 16 продавници во 12 градови низ целата земја. Потрошувачите ќе ги пречекаат повеќе од 1 000 продавачи и асортиман од 1 500 производи.

Граѓаните на Белград, Бор, Зрењанин, Крагуевац, Лесковац, Ниш, Нови Сад, Смедерево, Сомбор, Суботица, Ужице и Шабац за првпат ќе имаат можност да купуваат локални брендови и брендови на „Лидл” во продавниците на компанијата.

Според компанијата „Лидл Србија”, отворањето на продавници во други градови ќе следува од ноември и ќе продолжи и во наредните месеци.

„Лидл” продавниците во Србија се стандардизирани и градени според најнов концепт, кој подразбира модерен дизајн, поголем продажен простор, пространи паркинзи, повеќе природна светлина, поголема енергетска ефикасност и атрактивен изглед, во согласност со целите на „Лидл”, се вели во соопштението.

Во моментот на отворањето во „Лидл” ќе работат  повеќе од 1 500 лица.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он