Мустафа: Србија не сака да ги нормализира односите со Косово

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), поранешниот премиер Иса Мустафа, смета дека Србија не е заинтересирана за нормализирање на односите со Косово, а уште помалку да ја признае неговата независност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мустафа забележува дека Белград „продолжува да се гордее со штетите“ кои му ги нанесува на Косово на меѓународен план, како што е повлекувањето на признавањата на косовската независност од страна на одредени земји и попречувањето на членството во Интерпол.

– Политиките на добрососедство, мир и стабилност, за кои се залагаат земјите на Западен Балкан, се сосема спротивни на таквото однесување (на Србија). Тоа однесување нема ништо заедничко ниту со барањата на ЕУ и САД за постигнување конечен договор, со меѓусебно признавање, напиша на својот Фејсбук лидерот на најголемата косовска опозициска партија.

Затоа, заклучува Мустафа, „би било добро да се остави на страна наследениот непријателски менталитет и да се работи на создавање амбиент во кој ќе придонесеме за просперитет на нашите граѓани“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси