Мустафа: Нема коалиција доколку не сум премиер

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Иса Мустафа, денеска изјави дека, доколку не му се обезбеди премиерската функција во идната косовска Влада, неговата партија нема да влезе во коалиција со Демократската партија на Косово (ДПК).

По средбата со лидерот на ДПК, Хашим Тачи, и членовите на работните групи на двете партии, Мустафа рече дека коалициската спогодба и натаму важи во формата што претходно беше потпишана.

Мусфата потсети дека ДСК од почетокот зборува дека нема да влезе во коалиција без функцијата премиер, пренесуваат приштинските меидуми.

-Ова е почетна спогодба и така ќе остане. Ние се изјаснивме и во Главниот одбор на ДСК дека нема со никого да влеземе во коалиција доколку ДСК ја нема функцијата премиер, рече тој.

Мустафа одби да зборува за поделбата на министарските портфелји, изјавувајќи дека не е коректно да зборува за тоа се додека не се формализира спогодбата.

Тој смета дека составувањето на програмата на владата е дојдено до самиот крај и дека оваа работа ќе приврши денеска или утре.

– Мислам дека во следните два-три дена треба да се договори поделбата на одговорноста. Некоректно ќе биде од моја страна да зборувам додека тоа не се финализира, бидејќи се уште сме во фазата на дијалог, рече Мустафа.

– Сега се работи и на програмата на владата и на поделбата на одговорноста. Се работи интензивно врз тоа, но ниту една страна никако нема да прифати да влезе во коалиција доколку таа коалиција нема да има содржина, рече лидерот на ДСК.

Мустафа додаде дека 8 декември останува датумот кога ќе се одржи конститутивната седница на собранието на Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица