Мустафа и Тачи порачаа: Не се предаваме пред насилството

Од:

Владата го осудува насилството присутно во текот на целиот ден врз институциите и полицијата. Таа оценува дека е многу болно што за политички цели се создаваат етнички поделби. Протестите немаат граѓански туку политички карактер.

Ова го изјави косовскиот премиер Иса Мустафа на прес конференција одржана доцна попладнево заедно со вицепремиерот и шеф на дипломатијата Хашим Тачи, во врска со денешните насилни протести во Приштина.

– Косовската влада е соочена со нелегитимни ултиматуми и беше нападната со тврди предмети, камења и молотови коктели. Јавните простори и приватниот имот денеска беа нападнати во Приштина. Денешните протести се со политички мотиви и направија непроценлива штета на државата. Владата ги повикува организаторите да прекинат со ваквите насилни простети, изјави Мустафа.

Тој нагласи дека Владата го почитува правото на протест, но смета дека протестите не треба да се употребуваат за власт, бидејќи власта се добива само преку гласот на народот. Според него, Владата побарала од безбедносните сили да го обезбедува имотот во согласност со Уставот.

Вицепремиерот и шеф на дипломатијата, како и поранешен премиер, Хашим Тачи изјави дека целосно го поддржува ставот на премиерот Мустафа, додавајќи дека протестите се демократски чин, но оти саботните и денешните протести биле со политичка позадина.

– Протестите не се последица на волјата на граѓаните туку на три опозициски партии. Овие партии се обидуваат со насилство да ја превземат власта, изјави Тачи.

Тој се заблагодари на граѓаните кои не ги поддржале овие насилни простети.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица