Монстат: Според стандардот на куповна моќ, Хрватска е прва во регионот, а Црна Гора – втора

Од:

Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС).

„Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко од просекот на ЕУ, и изнесува 268 отсто од европскиот просек, додека Бугарија е на најниско ниво со 57 отсто од просекот на ЕУ“, соопшти Монстат.

Од земјите во регионот, Хрватска има највисок БДП по глава на жител според стандардот за куповна моќ, што е 70 отсто од просекот на ЕУ, додека Црна Гора е на второ место со 48 проценти од просекот на ЕУ.

Србија е на ниво од 44 отсто од европскиот просек, Северна Македонија на ниво од 42 проценти, Босна и Херцеговина на ниво од 33 отсто, додека Албанија е на ниво од 32 отсто од европскиот просек.

„Реалната индивидуална потрошувачка по жител според СКМ, според конечните податоци меѓу
земјите-членки, се движеше од 65 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија до 144 проценти од просекот на ЕУ во Луксембург“, посочува Монстат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ