Могерини претставува мурал во центарот на Брисел, посветен на Западен Балкан

Од:

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини денеска ќе го претстави новиот мурал, посветен на односите меѓу Западен Балкан и Унијата.

Муралот се наоѓа во центарот на Брисел, а го наслика младиот уметник Рикардо Друшкиќ од БиХ. Муралот е посветен на луѓето од Западен Балкан и ЕУ и нивните длабоки културни врски. Насловен „само со срце се гледа добро“ и нè повикува да се согледаме едни други со отворено срце и без предрасуди, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Муралот е финансиран од ЕУ, градот Брисел и традиционалниот бриселски фестивал на балканска култура „Балкан трафик“. Тој е дел од Неделата на култура на ЕУ и Западен Балкан, во организација на Европската служба за надворешни работи, а со цел одбележување на заедничкиот европски идентитет и културни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски