Могерини: Потврдена определеност на Западен Балкан за ЕУ интеграција

Од:

Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини вели дека за време на заедничката вечера организирана на маргините на ГС на ОН, лидерите на Западен Балкан потврдиле силна посветеност во напредокот со процесот на ЕУ интеграции преку забрзани реформи и добрососедски односи.

Таа додаде дека на работни вечери во Њујорк се разговарало и за Преспанскиот договор што се однесува на решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за името како и за дијалогот Белград – Приштина.

– Тие две прашања, се клучни за развој на регионот и неговиот европски пат, нагласи Могерини.

Таа во Њујорк вчера организираше вечера на која беа комесарот за преговори и проширување Јоханес Хан и лидери на партнери на ЕУ од Западен Балкан.

Во соопштение од Европската служба за надворешни работи се вели дека тоа била добра можност да се разговара за ситуацијата и за напредокот на регионот.

– Нашата посветеност со поддршка за партнерите од Западен Балкан да направат неповратни чекори на патот кон ЕУ интеграции е силна како и секогаш. Тоа ќе бара константна работа на ЕУ ориентираните реформи како и искрена и ефикасна соработка, изјави Могерини.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија