Могерини: ЕУ има најсилно влијание на Западен Балкан

Од:

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини смета дека Европската Унија има најсилно влијание во регионот на Западен Балкан.

– Не сум загрижена за влијанието или присуството на било кој партнер на земјите во регионот бидејќи уверен сум, повеќе пати, кога земјите ќе бидат соочении со „комплицирани изборни циклуси“, дека кога ЕУ е пристуна со целата своја сила и е усогласена, тогаш немаат друг партнер кој има посилно влијание од ЕУ.

Могерини, по состанокот на Советот на министерите за надворешни работи на ЕУ, со кој претседаваше и на кој се осврна на глобалната стратешка комуникација на ЕУ, потсети дека под покровителство на Европската служба за надворешни работи, летово е воспоставен тим задолжен за стратешки комуникации со земјите од регионот.

Таа смета дека се уште е рано за проценка на резултатите на работата на „СтратКом“ за Западен Балкан, но нагласи дека политиката спрема регионот е една од областите на која што најмногу се работи во ЕУ.

– Ова е едно од прашањата на кои што најмногу работиме и тоа само по себе е дел од нашите стратешки комуникации. Може да го имате најдобриот тим, кој што се занимава со стратешки комуникации, но доклку немате вистинска политика, нема за што да испраќате информации. На Западен Балкан имаме силна ЕУ политика и позиција и тоа е база за нашата ефикасна комуникација, објасни Могерини.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ оценува дека комуникацијата на ЕУ со Западен Балкан се поправила поради фактот што Брисел е јасен кога зборува за иднината на регионот во ЕУ.

– Ние сакаме и потребно е Западен Балкан да соработува како регион и јасно да е насочен кон ЕУ. Секоја од шесте земји на регионот имаат свои специфичности, фази и чекори на кои што се наоѓаат, но заеднички е јасен правецот во кој што регионот се движи, нагласува Могерини.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт