Митрополит Михајло: Без Црногорска црква ќе нема ни црногорска држава

Од:

Со воспоставување литургиско заедништво на сите православни цркви предводени од Цариградската патријаршијата, Црногорската црква ќе добие статус на домицилна црква, каква што била до 1918 година, изјави митрополитот на Црногорската православна црква (ЦПЦ), Михаило, додавајќи дека тоа ќе ги намали тензиите меѓу Србија и Црна Гора, како и во самата Црна Гора.

– Сега следи нашата врховна државна власт да посредува во решавањето на црковниот спор во земјата, според угледот на Украина. Благодарејќи на неговата светост, цариградскиот патријарх Вартоломеј, православието доживува преродба. Конечно ќе бидат решени некои прашања кои го оптоваруваа православниот свет. Едно од најважните е и црногорското црковно прашање, изјави митрополитот Михаило за подгоричкиот весник „Побједа“.

Тој додаде дека праведното решение на црногорско црковно прашање е од витално значење за црногорската држава.

– Без Црногорска црква нема црногорска држава. Цариградскиот патријарх пред еден ден рече дека секој православен народ има право на автокефална црква, но во согласност со државата – како врховна државна адреса. Сега е редот на црногорската држава. На крајот, не постои ниту канонски основ, ниту канони, кои би ја довеле во прашање автокефалноста на Црногорската православна црква, која ионака беше укината со сила на оружјето, нагласи митрополитот Михаило.

Цариградскиот патријарх Вартоломеј пред неколку дена изјави дека е „дојдено време сите народи на Балканот, кои некое време биле под директна јурисдикција на Васеленската патријаршија, да станат самостојни”.

– Зошто другите да имаат право на автокефалност, а 45 до 50 милиони Украинци да немаат? Тоа би било неправда, истакна патријархот Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски