Митрополит Амфилохие: Дај Боже НАТО да се распадне

Од:

Митрополитот црногорски-приморски Амфилохие повторно денеска се спротивстави на влезот на Црна Гора во НАТО и изрази надеж дека Североатлантскиот сојуз ќе се распадне.

Во Бога се надевам дека Црна Гора нема да влезе во НАТО, кој не бомбардираше, рече митрополитот Амфилохие.

Тој смета дека Црна Гора со влезот во НАТО само ќе стане дел од милитаристичката организација која според него врши насилство над светот.

„Зарем треба да помогнеме „томахавците“ и бомбите да ги претворат во рала и други алатки за обработка на земјата и за унапредување на општеството и на човековата заедница“, рече митрополитпт Анфилохие, по осветувањето на еден храм кај Херцег Нови.

Тој изрази надеж дека НАТО ќе се распадне. „Дај им Боже на нашите водачи мудрост да им помогнат на Европјаните и на Американците да се расформира НАТО. Тоа би бил најголемиот придонес на Црна Гора за Европа и Светот“, порача Амфилохие.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски