Мирел: Наследството од војната е потценето и на ЕУ ѝ недостига политичка амбиција за земјите од Западен Балкан

Од:

Наследството на војната е потценето и на Европа ѝ недостига политичка амбиција за земјите од Западен Балкан, оценува поранешниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Пјер Мирел, во опширното интервју за веб-страницата Европски Западен Балкан, јави дописникот на МИА.

Мирел смета дека ЕУ го потцени наследството од војната и недостигот на големи инвестиции од осумдесеттите години,

-Како што објаснив, ЕУ требаше да понуди широк финансиски пакет по самитот во Солун, ставајќи ја економијата во прв план. Покрај ова, ЕУ долго време ѝ даваше предност на стабилноста, отколку на демократијата, со надеж дека главните билатерални проблеми ќе бидат решени со силни лидери. Резултатот од тоа беше „стабилократија“, како што велат некои универзитетски текстови.

Тој, исто така, се сомнева дека без вистински Маршалов план, со кој ќе се „купат реформи“ овие земји – освен Северна Македонија и Албанија – „не се навистина заинтересирани да преземат клучни реформи “.

Мирел притоа смета дека ЕУ треба да продолжи да го наградува напредокот на земјите од регионот, како тој на Северна Македонија и решавањето на билатералното прашање со Грција, нагласувајќи дека добрососедските односи и силните гестови на помирување треба да останат клучни услови за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго