Министрите за надворешни работи на Бугарија и Романија изразија поддршка за територијалниот интегритет на Украина

Од:

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска имаше телефонски разговор со нејзиниот романски колега Богдан Ауреску, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата изразиле силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Генчовска и Ауреску разговарале и за можноста за заедничка посета на Киев во знак на солидарност со Украина.

Министерката Генчовска упати честитка по повод 30-годишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу Бугарија и Романија. Двајцата министри ги потврдија одличните односи меѓу Бугарија и Романија и разговараа за продлабочување на соработката меѓу Софија и Букурешт.

Генчовска го покани својот колега Ауреску во официјална посета на Софија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година