Министрите за култура на Грција и Бугарија незадоволни од однесувањето на Македонија

Од:

„Македонија не е добро дете“ заклучиле министрите за култура на Грција и Бугарија Костас Цаварас и Вежди Рашидов при нивната вчерашна средба во рамките на втората седница на Советот за соработка на високо ниво меѓу двете земји.

Електронското издание на „Прото Тема“ јави дека „двајцата министри разговарале за прогласувањето на 2013 година за година на Кирил и Методиј, при што  Рашидов на Цаварас му го изразил своето незадоволство“ од Македонија.

– Ние ја почитуваме автономијата на другата земја но ако Македонија не стане добро дете нема да ги поддржиме. Денес тие викаат дека Кирил и Методиј се нивни, утре можат да кажат нешто друго, ја цитира весникот изјавата на бугарскиот министер.

Цаварас му честитал на  Рашидов „за неговиот јасен став за прашањето, истакнувајќи дека заштитата на културното наследство не е ништо друго освен обид да се зачува историјата без фалсификати и измами поради националистичка и популистичка себичност“, пишува „Прото Тема“.

– Никој нема право да ја извртува историјата без последици, рекол Цаварас и додал дека „секој за себе може да тврди што сака, но историската вистина е конечниот суд за тоа кој е некој, од каде доаѓа и што претставува“.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски