Министерката Џачка во посета на Атина за прашањето за морската граница

Од:

Албанската министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка денеска престојува во официјална посета на Атина.

Според медиумите, двајцата министри Дендиас и Џачка ќе имаат двочасовна средба по што следува средба на двете делегации.

-Се дознава дека меѓу двете делегации ќе се разговара за некои прашања кои ги преокупираат билатералните односи, како што се училишните учебници, прашањето за гробиштата на загинатите Грци во Втората светска војна на територијата на Албанија, како и за забрзување на решавањето на морската граница, процес кој страните веќе го испратија на решавање до меѓународниот суд во Хаг, јави Топ чанел.

На средбата меѓу двајцата министри нема да бидат изоставени прашањата од регионот и грчката поддршка за европскиот пат на Албанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека