Марко Миљковиќ Маре, кој важи за десна рака на Вељко Беливук, наречен Вељa Неволја, наводно бил касапот во кланот и творец на монструозни идеи за распарчување трупови, палење и потопување во киселина!
Изворот на српски Курир открива дека Маре ги малтретирал жртвите без трошка човечност, им ги вадел очите, им ги сечел ушите, носот, главата и затоа го добил прекарот „касап“. Вељко Беливук ги одобрувал сите негови злосторства и свесно учествувал во нив.
Според медиумите, Миљковиќ, за разлика од Беливук, пораснал со неговите родители во Белград, кои се успешни и работат во јавни претпријатија на добри позиции. Финансиски се добро ситуирани и како што пренесуваат српските медиуми, Миљковиќ израснал во релативно стабилно семејство.
Неговиот татко е повеќекратен шампион во стрелање подвижна мета, тој има освоено многу натпреварувања. Тој е страстен љубител на оружје, па дури и тренирал други фанови на овој спорт. Според изворот, едно време тој дури и вежбал стрелање во стрелиштето на стадионот „Партизан“, а бил и на бојното поле во Вуковар.
Изворот исто така вели дека неговиот татко ја пренел љубовта кон оружјето на Марко, како и дека го научил да пука уште од мали нозе и го носел на тренинзи на стадионот.
Добривоје Радовановиќ, клинички психолог и криминолог, вели дека, иако Миљковиќ израснал во нормално семејство, тој има карактеристики на агресивен психопат, како и Вељко Беливук.
– Љубовта кон оружјето кај децата не е природна и не е дел од структурата на личноста. Се создава подоцна и се развива поради околината во која живее детето. Многу е важно овие деца да се насочат кон спортот, бидејќи ако тие се натпреваруваат и постигнат резултати, таа љубов ќе остане таква. Доколку не се натпреваруваат, оружјето им создава чувство на моќ и сила и навика работите да се случуваат и да се решаваат со сила, објаснува Радовановиќ.
Тој додава дека сето ова, во комбинација со негативните одлики на личноста, доведува до тоа лицето да стане целосен психопат.