Милатовиќ: Нон-пејперот на Европската Комисија е важно предупредување

Од:

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денес изјави дека нон-пејперот на Европската Комисија е важно предупредување, кое Владата треба сериозно да го сфати и да ја промени практиката, која е многу добро аргументирана, а која се однесува на одредени сегменти од поглавјата 23 и 24.

Според него, нон-пејперот на Европската комисија, кој се однесува на напредокот на Црна Гора во областите на владеењето на правото, е важно предупредување кое доаѓа од Европската Унија (ЕУ) во, како што наведува, клучен момент во процесот на европска интеграција на Црна Гора.

„Би сакал, пред сè, Владата многу сериозно да го сфати тоа предупредување и да ја промени практиката, која е многу добро аргументирана во тој нон-пејпер, а која се однесува на одредени сегменти од поглавјата 23 и 24“, нагласи Милатовиќ, одговарајќи на прашање од новинар на прес-конференција во Цетиње по повод официјалната посета на претседателот на Естонија, Алар Карис, на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Во Црна Гора уапсени поранешен обвинител, полицајци, агент и бизнисмен

А1он

Го пропушта воведниот меч на Евробаскет – стапна врз морски еж

А1он

Откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора

А1он

Пожарите сѐ уште се активни во Црна Гора, најкритично е во Подгорица

Андреј Танасковски (18) е осомничен за обидот за убиство на Шкаљарскиот криминалец Марко Љубиша-Кан

Горан Наумовски