Милановиќ: Владата нека и помогне на Украина, јас сум одговорен за одбраната

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, повтори дека хрватските војници нема да одат во Украина, а прати порака до Владата и премиерот Андреј Пленковиќ дека можат да продолжат да му помагаат на официјален Киев, но дека според Уставот тој е одговорен за одбраната, националната безбедност и територијалниот интегритет на земјата.

„Хрватски војник нема да оди во Украина под никаков аранжман, тоа е целосно исклучено. Јас водев кампања за тоа и тоа е моја должност на вера кон оние кои ми веруваа. Но, гледам дека така размислуваат и некои од клучните министри во владата на Пленковиќ“, напиша Милановиќ во објавата на Фејсбук и додаде:

„Да не се залажуваме. Хрватската армија нема да оди во мисија, а една од причините е што таа мисија никогаш нема да се случи, со или без Хрватска, бидејќи не се исполнети основните услови за таа мисија – мировен договор и согласност од другата страна, која за жал е Русија. Значи, кога станува збор за учество на Хрватска во мисијата – ние нема да учествуваме во неа. Ако, вели Милановиќ, владата се уште верува дека треба да и пружи материјална и опрема на Украина, нека продолжи да го прави тоа. Јас сум одговорен за одбраната, националната безбедност и територијалниот интегритет на Хрватска, како што вели Уставот.

Би можело да ве интересира

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам