Милановиќ: Нема да дојде до војна на Балканот

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека на Балканот нема да има никакви вооружени судири во случај Германија да ги затвори границите за имигрантите, и додаде дека Хрватска може „многу побрзо“ од Германија да ги затвори границите, јави Хина.

На барање на новинарите да ја искоментира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека постои опасност од вооружени судири меѓу земји од Балканот, преку кои минуваат транзитните маршрути на бегалскиот поток, ако се наложи Германија да ја затвори границата со Австрија, Милановиќ рече дека таа е многу претпазлива во своите изјави, дека секогаш има „две три линии на заштита“ и оти ја разбира.

– Не може, меѓутоа, Германија да ги затвори границите. Хрватска тоа може да го направи многу побрзо од Германија. Нема да има никакви вооружени судири, рече Милановиќ.

Германската канцеларка Меркел која што е цел на остри критики од дел од јавноста, политичките противници, но и од нејзините конзервативци, смета дека прекинот на прием на бегалци во земјата може да предизвика воен конфликт на Балканот.

За време на партискиот говор во градот Дармштат вчера вечер Меркел ги бранела своите позиции за бегалците но и новата мерка за изградба на транзитни зони на границата во кои апликациите за азил ќе бидат процесирани пред бегалците да влезат во Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер