Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека неговата земја ќе ги пренасочува мигрантите кон Унгарија и Словенија.
Хрватска не може и нема да го прифати повеќе товарот од илјадници имигранти, изјави Милановиќ, додавајќи дека Хрватска нема да ги регистрира или згрижува.
Откако земјата се соочи со бран од над 13.000 бегалци за само два дена, хрватскиот премиер изјави дека е закажана итна седница на Советот за национална безбедност, како и дека е време за справување со проблемот на друг начин.
– Ние не можеме да ги регистрираме и сместуваме овие луѓе на подолг период, изјави Милановиќ, нагласувајќи дека тие ќе добијат храна, вода и медицинска помош, по што ќе им биде дозволено да продолжат.