Милановиќ: Хрватска има ограничен капацитет да прима бегалци

Од:

Хрватска има ограничен капацитет да прима бегалци, предупреди премиерот Зоран Милановиќ.

– Ние сме конструктивни и соработуваме, но постојано напомнуваме дека капацитетите да прифаќаме и регистрираме мигранти се ограничени, изјави Милановиќ на седница на хрватската Влада.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ од своја страна изјави дека полицијата има целосна контрола над хрватската граница, но Хрватска треба да помисли за сосема друго однесување, ако бегалците продолжуваат да пристигнуваат во големи бранови.

Според податоците на хрватскиот Црвен крст, во последните 24 часа во Хрватска од Србија влегле околу 5.400 бегалци и во наредните денови се очекува да пристигнат уште околу 4.000, јави Хрватската телевизија.

Би можело да ве интересира

Со церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ