Милановиќ го критикува западот: Ние и Србите не се мразевме толку, Русија ја провоцираат од 2014

Од:

Косово е грабнато од Србија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и истакна: „Тоа го направивме ние и меѓународната заедница“.

Милановиќ ова им го кажа на новинарите во Петриње, зборувајќи за војната во Украина и сличностите меѓу Крим и Косово.

„Кога ќе сфатите дека Србија и Русија не се исто?  Го анектиравме Косово. Ние и меѓународната заедница. Грабнато е од Србија“, кажа Милановиќ.

Според него, станува збор за концептот во кој некој мисли дека има право. „Така и Крим повеќе никогаш нема да биде Украина. Тоа го кажуваат водечките германски генерали“, кажа Милановиќ и истакна дека таму гинат илјадници луѓе.

Во касарната „Полковник Предраг Матановиќ“ во Петрињe, Милановиќ учествуваше на свеченото испраќање на третиот хрватски контингент на хрватската армија како дел од активноста на НАТО на засилено напредно присуство во Република Литванија.

– Хрватски војници, вие одите во Литванија и таму заштитете ја честа и почитта и угледот на хрватските војници,, рече претседателот на почетокот на своето обраќање пред 180 војници кои заминуваат во воена мисија во Литванија.

По обраќањето, претседателот даде изјави за медиумите.

Тој рече дека Хрватска не смее да биде доведена во ситуација да биде зависна од никого.

– Некои во Европскиот парламент зборуваат за „раскол на Русија“ – тоа е лудост. Ние и Србите не се мразевме толку многу. Тоа е лудило, ако не можете да ставите крај, тргнете се од патот – рече тој.

– Од 2014 до 2022 година гледаме како некој ја провоцира Русија со намера да ја започне оваа војна. Таа избувна. Помина една година, само сега зборуваме за тенкови. Ќе ги испратиме сите германски тенкови таму, бидејќи нема советски тенкови, тие се уништени, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската Унија е неправедна кон Македонија

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, а Бугарија последна

Милановиќ изјави дека нема да ги почитува одлуките: „Наскоро ќе бидам иден премиер“

Горан Наумовски

Милановиќ за обвинението против Додик: Шмит нема мандат, за да го спаси задникот измислува кривични закони

Николенко: Со изјавата „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“, Милановиќ го доведе во прашање интегритетот на Украина

А1он

Воодушевен од Милановиќ, омилениот новинар на Путин го пофали претседателот на Хрватска на руската телевизија

А1он