Милановиќ: Да ѝ се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска повторно побара на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус за влез во Европската Унија.

Лидери на земјите членки на ЕУ денеска и утре на самит во Брисел одлучуваат за кандидатски статус за Украина и за Молдавија, за што постои силна поддршка.

Милановиќ повторно побара ист статус да добие и Босна и Херцеговина. Во ова, тој има одлучна поддршка од словенечкиот претседател Борут Пахор, а на иницијативата се придружи и Австрија, јави Хина.

– Во име на сите членки слушаме дека Украина ќе добие кандидатски статус. Молдавија исто така. Во ред, Украина нека добие статус кандидат, но и таа, како и Молдавија, имаат некои големи проблеми, изјави Милановиќ, истакнувајќи оти земјите не исполнуваат ниту еден услов.

Според него, „тоа е шанса да ѝ се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж“. Тој не гледа како некој би можел да биде против тоа.

Хрватскиот претседател оцени дека темата за Босна и Херцеговина, статусот на Хрватите и нивното распаѓање е витален хрватски национален интерес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милановиќ: Владата нека и помогне на Украина, јас сум одговорен за одбраната

Горан Наумовски

Милановиќ: Каја Калас води опасна политика

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик

Катерина Ѓуровски

Додик го игнорира Обвинителството, не се појави на распит за напад на уставниот поредок на БиХ

Катерина Ѓуровски

Страотен случај во Босна: Момче го убило пријателот, го сечел телото за да го сокрие во куфер

Катерина Ѓуровски

Полицијата во Брчко пронајде 31 дете во куќа, тројца уапсени за трговија со луѓе