Мицотакис: Во војна сме со невидлив но не и непобедлив непријател

Од:

Во војна сме со еден непријател, кој што е невидлив, но не и непобедлив. Затоа што ако успееме да го ограничиме пренесувањето, ќе му дадеме време на здравствениот систем да се справи со итните случаи, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во денешното обраќање до јавноста во врска со коронавирусот.

Во десет минутната порака, се задржа на последиците врз економијата, на зајакнувањето на здравствениот систем во земјата, на личната одговорност на граѓаните, на потребат сите да останат дома и истакна дека „се наоѓаме на почетокот на битката, која што ќе биде тешка, особено во следните два месеци“.

-Во следните два месеци опасноста ќе добие гигантски димензии. Затоа и ќе следат нови ограничувања. И ќе треба сите да покажеме дисциплина. Оние кои се однесуваат не социјално парадигматски ќе се казнуваат. Зошто ќе имаат сторено двојно кривично дело: Против законот и против животот. Истото важи и за оние кои го шират вирусот на дезинформациите со неосновани гласини. Бидејќи паниката е исто толку опасна како и болеста, порача Мицотакис.

Грчкиот премиер објасни дека остануваат исти целите на владата поставени од самиот почеток: ограничување на ширењето на вирусот, зајакнување на здравствениот систем и поддршка на економијата.

-Вчера на Јурогруп беше одлучено дека за оваа година не важи целта за суфицит од 3,5 отсто. Сите трошоци за здравствената, но и за миграциската криза нема да бидат пресметани во буџетот за 2020 година, рече Мицотакис.

Тој истакна дека владата ќе одвои две милијарди евра за да им помогне на они кои што се соочуваат со проблеми поради намалените приходи, додаде дека државата, а не компаниите преземаат одговорност да исплатат дел од платите во погодените области.

-Сакаме да спасиме работни места, порача во обраќањето, упатувајќи апел до бизнисите да не отпуштаат вработени, бидејќи ќе постојат мерки што ќе ја стимулираат ликвидноста.

Се осврна и на лекарите, на како што рече „хероите со бели и зелени блузи“ , велејќи дека тој лично ќе се погрижи, бидејќи заслужуваат, да добијат нешто повеќе од аплауз и јавна пофалба.

А на граѓаните им порача да останат дома бидејќи „собирите се најголемите стапици“.

-Значи, остануваме дома. Она што го некогаш го нарекоа cocooning и стана тренд и мода за младите, денес е неопходно и долг на сите, порача Мицотакис.

Тој рече дека владата е на нивно на задачата, но победата ќе дојде само ако сите бидат „дисциплинирани војници“, бидејќи „непријателот е невидлив и подмолен“.

-Затоа останете безбедни, останете дома!, порача грчкиот премиер.

Ова е второ обраќање на Мицотакис во зиминатите шест дена и самиот рече дека често ќе комуницира со јавноста и тој лично да ја информира за владините одлуки и планови.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми со Грција и со Европа

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Мицотакис: Мора да има целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија