Мицотакис: Турција продолжува да провоцира околу Кипар

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Турција продолжува да провоцира со својот пристап кон етнички поделениот Кипар.

Мицотакис, на денешната средба со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис во Атина оцени дека Анкара е меѓународно изолирана.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека кипарските Грци мора да се согласат дека кипарските Турци ќе имаат паритет во одлучувањето при управувањето со земјата пред да продолжат преговорите за обединување на островот.

Тој, исто така, рече дека ќе продолжи турската експлоатација на природен гас во водите во кои меѓународно признатата Влада на Кипар има ексклузивни права. Кипарските Грци одбиваат да работат на заеднички истражувања на јаглеродоводород со кипарските Турци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент