Мицотакис: Каменос e соучесник на Ципрас по Преспа

Од:

Панос Каменос требаше пред неколку месеци да си замине од Владата, доколку навистина сакаше да го спречи Договорот од Преспа. Со тоа што остана во Владата, му го даде пенкалото на Алексис Ципрас да потпише, а според тоа е целосно одговорен и самиот тој, рече претседателот на Нова демократија, говорејќи на политичкиот комитет на партијата.

Кирјакос Мицотакис упати остри критики до актуелната Влада и до Панос Каменос по најавите дека тој веројатно ќе се повлече од коалицијата поради Договорот од Преспа.

– Треба да говориме за соучество, бидејќи господинот Каменос е соучесник на господинот Ципрас после Преспа. Штом не се согласуваше, требаше уште од тогаш да си замине. Но, наместо него, од владата си замина архитектот на Договорот од Преспа, поранешниот министер за надворешни работи, господинот Коѕијас, рече Мицотакис коментирајќи дека оставката дошла на „владина седница без преседан со меѓусебни обвинувања за поткуп и употреба тајни фондови“.

Лидерот на Нова демократија истакна дека последните сценарија и шпекулации за малцинска Влада до изборите на есен „претставуваат невиден прекршок на демократскиот поредок“.

– Во демократијата не постои скриено или тајно мнозинство. Премиерот треба или да побара гласање доверба, за да видиме кои и колкумина го поддржуваат или да ја одведе земјата на избори, како што наметнува демократскиот легитимитет, порача претседателот на Нова демократија.

Мицотакис рече дека тоа што во изминатите денови се случува во земјата е без преседан, „коалициските партнери да најавуваат средби и интервјуа кои потоа ги откажуваат или презакажуваат, претворајќи ја земјата во реално шоу“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он