Мицотакис и Макрон се слушнале по телефон

Од:

Претстојниот состанок на Европскиот совет, извештајот на ЕК, односите на Унијата со Турција, ситуацијата во Источниот Медитеран и случувањата во Либија, како и пандемијата биле темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Франција Емануел Макрон, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и Макрон, се осврнале и на „историските, сојузнички односи меѓу Грција и Франција“.

Францускиот претседател требаше да пристигне во Атина за да присуствува на воената парада по повод 200 години од востанието за независност на Грција, меѓутоа поради ситуацијата со пандемијата во Франција, ја откажа посетата.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно