Мицотакис: Грција ќе обнови породилиште бомбардирано во Мариупол

Од:

Грчката Влада ќе ја преземе обновата на породилиштето во Мариупол што беше бомбардирано пред неколку дена, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава по квадрилатералната средба со премиерите на Италија, Шпанија и Португалија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис на Твитер напиша дека Грција е подготвена да ја обнови болницата што е во градот- центар на грчкото малцинство во Украина и „симбол на варварството на војната“.

Во изјавата по средбата, на која грчкиот премиер учествуваше видеоконференциски поради тоа што од понеделникот е во изолција со Ковид-19, Мицотакис се осврана на последиците од војната и уште еднаш го повтори ставот дека потребно е европско решение, велејќи дека сите земји имаат своја национална програма за справување со последиците, но „решенијата не може да бидат само национални“.

-Националните иницијатви не се доволни. Затоа предлагаме во првата фаза да има усогласени европски политички интервенци против шпекулативните трендови, за да се врати рамнотежата на цените на гасот и струјата. Сите веруваме во слободните пазари, но мора да се следат правилата на понудата и побарувачката. А кога ова, јасно не се случува, кога пазарите стануваат алатки на шпекулантите, тогаш доаѓа време за некаква централна регулација, некаква централна интервенција. Ова е одговорност на политичкото раководство и една таква заедничка европска интервенција предлагаат Италија, Шпанија, Португалија и Грција, рече Мицотакис.

Истакна дека случувањата во Украина „ја демонстрираат, од една страна, потребата од силна Европска Унија наспроти ревизионизмот на трети страни, но и потребата од соработка на Европската унија со НАТО“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски