Мичел: САД ќе го разгледаат секој договор што ќе го постигнат Белград и Приштина

Од:

САД се отворени, заедно со своите партнери од ЕУ, да разгледаат секакво предлог решение за Косово, до кое ќе се дојде во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави синоќа американскиот помошник државен секретар Вес Мичел.

На средба со српската премиерка Ана Брнабиќ одржана на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Мичел истакна дека САД го поддржуваат продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со очекување тој да доведе до трајно политичко решение за Косово.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Србија, на средбата Мичел-Брнабиќ, на која присуствувал и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, станало збор и за можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу Белград и Вашингтон и за зајакнување на билатералната соработка во сферата на економијата, инвестициите, одбраната и образованието.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии