Мета се тестираше од коронавирус, па даруваше крв за децата болни од таласемија

Од:

Албанскиот претседател, Илир Мета заедно со членовите на неговиот кабинет, во Националниот центар за трансфузиологија  даруваше крв за децата болни од таласемија.

Откако од центарот излезе без заштитна маска и беше прашан зошто, тој објасни дека претходно е тестиран од коронавирус и дека стои на предвиденото растојание од сите, па и од новинарите.

Тој истакна дека тука дошле откако направиле тест за коронавирус и упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и да се придржуваат на мерките предложени од надлежните.

„Дојдовме овде откако направивме анализа. Ви реков дека не стојам толку блиску. Луѓето треба да бидат внимателни и да се јавуваат на телефонскиот број 127. Треба да се размисли за уште еден број и секако да ги следиме сите препораки. Верувам дека сите заедно ќе ја надминеме оваа ситуација со многу поголемо внимание и без паника“, изјави Мета.

Тој оцени дека потребата од крв за децата заболени од таласемија е неопходност поради што треба да се дарува крв за да се покаже солидарност.

Би можело да ве интересира

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

Ана Ололовска

Марк Закерберг отпушта 11.000 вработени во „Мета“

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција

А1он

Над пет милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата

Ана Ололовска

За една седмица зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намалени смртните случаи

Ана Ололовска