Мета по веста дека е под истрага од СПАК: Септември доаѓа и народната правда никој не ќе може да ја запре

Од:

По веста дека Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, почнало истрага против него, реагираше Илир Мета, лидер на Партијата на слободата, кој на функцијата претседател на Албанија беше до 24 минатиот месец.

Мета објави барање што првиот човек на СПАК, Арбен Краја, до упатил до Управата за водење матична евиденција, во врска со проверките за генералите на поранешниот шеф на државата.

-Бидејќи партискиот слуга (се однесува на Краја) реши отворено, во паника да и служи на мафијата, ве молиме запознајте се со уште едно сериозно барање за најголемиот караѓоз на Рамаформа. Доаѓа септември и народната правда не ќе може никој да ја запре! Ништо повеќе не може да го спаси Рамовиќ (се однесува на Рама) – пишува Мета во првата реакција.

СПАК, почна истрага за Мета и го побара од Централната изборна комисија, образецот за декриминализација на Мета (Метај), по тужбата поднесена за него од поранешниот пратеник Халит Валтери. Кривичната пријава на Валтери е по истражната сторија на австрискиот весник „Кронен цајтунг“, кој обвини дека Илир Мета платил 700.000 илјади долари за лобирање преку кипарска компанија, за да обезбеди фотографија на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2017 година, во време кога Мета беше претседател на албанското Собранието.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он