Мета со писмо до Трамп изрази жалење за гласот на Албанија за резолуцијата за Ерусалим

Од:

Претседателот на Албанија, Илир Мета, во писмо испратено до претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази жалење за гласањето за резолуцијата во ОН со која се прогласува за неважечка одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

– Гласот против нашиот голем сојузник и пријател е даден без никаква претходна консултација со институцијата Претседател на Република Албанија, ниту со Парламентот на Албанија и не го отсликува ставот на албанскиот народ, кој никогаш нема да ја заборави поддршката на САД во најтешките мигови од неговото постоење, се наведува во писмото од Мета до Трамп.

Тој наведува дека ќе побара објаснување за овој став и од Владата бидејќи тоа е во спротивност со пријателските и стратешките односи на Албанија.

Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша изјави дека Владата на Еди Рама направила грешка со дадениот глас во ОН. Според Баша, кој потсетува на проамериканската определба на Албанците во изминатите 27 години, тое е против националниот интерес на Албанците.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари