Мета: Драматична состојба, максимални обиди да се извлечат луѓето од под урнатините

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, кој го посети Туман, едно од најпогодените места, изјави дека со посебно внимание ја следи ситуацијата по земјотресите што ја погодија неговата земја оценувајќи ја истата како многу драматична.

– Се прави се што е можно да се извлечат луѓето од под урнатините, изјави Мета.

Претходно тој ги посети повредените во клиниката за трауматологија во Тирана.

– Цела Албанија е многу потресена и се надеваме дека нема повеќе жртви. Денес е важно да се биде со луѓето кои имаат потреба. Битно е исто така што побрзо да се евидентираат сите оштетени објекти во погодените области. Би сакал да се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој е во целосна готовност, рече Мета.

Претходно и премиерот Еди Рама ситуацијата ја оцени како драматичен момент и оти „заедно ќе се справат со истиот“.

Од Дирекцијата за вонредни состојби за Ора њуз потврдуваат дека под урнатини има многу луѓе и оти се вложуваат максимални напори да се спасат.

Покрај другите структури во справување со ситуацијата вклучени се и над илјада припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Луѓе бегаат на улица, стравуваат од цунами – први снимки од Аргентина по два силни земјотреси

А1он

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Земјотрес во Бугарија