Мета: Беше чест и привилегија, посакувам се најдобро за татковината

Од:

Неколку часа пред истекот на неговиот петгодишен претседателски мандат, Илир Мета преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ изразува благодарност и им посакува се најдобро на Албанците.

„Беше извонредна чест и привилегија да служам овие пет години како претседател на Република Албанија. Им посакувам се најдобро на нашата татковина и нација! Мир и благосостојба за секое албанско семејство. Бог да ја благослови Албанија“, напиша Мета, постирајќи фотографија со неговите три деца.

Вечерва во 19:30 часот, тој, свечено, ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Бајрам Бегај, кој пред тоа на посебна седница на законодавниот дом, закажана за 18 часот, ќе положи свечена заклетва и ќе има поздравен збор.

Бегај (55), беше избран на 4 јуни во четвртиот круг од гласањето (во трите немаше кандидати) со 78 гласови „за“. До тогаш тој беше началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал.

Тој е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот и е втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу (2002-2007), кој исто така по чин беше генерал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он

Мета: Рама зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета му порача на Рама дека не се плаши од приказната дека бил шпион измислена со Баша

А1он

Мета: 180 милиони евра даночно затајување, напорите за борба против организираниот криминал ќе бидат поткопани

А1он