Мета: 180 милиони евра даночно затајување, напорите за борба против организираниот криминал ќе бидат поткопани

Од:

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата (ПЛ), Илир Мета, обвини дека донесувањето на законот за фискална амнестија има за цел да внесе во банкарскиот систем и да легализира стотици милиони евра затајување што го направиле компаниите со „благослов и на услуга на владата“.

-180 милиони евра даночно затајување се докажани. Овој обид на владата има за цел да ги расчисти овие злосторства, нагласи Мета.

Тој ја повика Владата на премиерот Еди Рама да се откаже од донесувањето на овој закон, што како „загриженост е наведено и во вчера објавениот годишен извештај на Европската комисија“.

Нагласувајќи ја важноста од повлекување на Предлог-законот за фискална амнестија, кој е на „штета на процесот на интеграција во ЕУ“, тој уште со став дека оваа иницијатива очигледно ќе го фаворизира подземјето и ќе го погоди чесниот бизнис.

-Сè уште немаме даночна администрација со соодветни средства за контрола и спроведување на законот, а во исто време ни треба ефикасна рамка во борбата против перењето пари и борбата против тероризмот. Оваа иницијатива на актуелниот премиер очигледно би го фаворизирала светот на криминалот, давајќи можности приходите од криминал да ја нападнат локалната економија. Би бил погоден чесниот бизнис, а странските инвестиции во Албанија би биле обесхрабрени рече Мета на попладневната прес-конференција.

Посочи дека тоа ќе ја поткопа довербата на општеството во владеењето на правото и уште повеќе ќе ја поттикне сивата економија.

-Напорите за борба против организираниот криминал, кој според извештаите ја претвори Албанија во оперативна база, ќе бидат поткопани. Како што повтори ЕУ, процесот на соработка со земјите партнери и самиот процес на интеграција во ЕУ би биле оштетени, оцени тој.

Против предложениот закон веќе се изјасни и ММФ, кој законот го смета за „билет за излез од затвор за сите даночни обврски“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он

Мета: Рама зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета му порача на Рама дека не се плаши од приказната дека бил шпион измислена со Баша

А1он

Мета: Владата мора да се жртвува, треба помалку да краде