Мета: Рама зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија

Од:

Лидерот на Партијата на слободата и поранешен албански претседател Илир Мета го обвини премиерот Еди Рама дека е „зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија“.

-Рама е зависник на организираниот криминал и меѓународната мафија, која ја интересира само територијата на Албанија, а не народот. Ќе ни падне нуклеарна бомба, вели, но бомбата ни падна затоа што вие сте премиер. Вие сте заложник и вазал на најантиалбанските кругови. Ја доведе во прашање државата Косово, за која беа убиени толку патриоти. Го доведе во прашање интегритетот на Република Албанија, обвини Мета на партиски собир во градот Кучово.

Тој дури додаде дека зад морскиот пакт со Грција се „кријат 300 милијарди евра за кои Рама го бара својот дел на сметка на Албанија“.

-Ја пофали одлуката на Уставниот суд за морската граница, многу добро тоа зашто така ти одговараше, но ќе дојде ден кога ќе треба да кажеш колку пати си ја прекршил поради твојата корумпираност, и 300-те милијарди евра што се таму и го бараш делот на сметка на Албанија и Албанците. Затоа е во голема паника, рече Мета.

Порача дека е време за вистинска конфронтација и дека на локалните избори во 2023 година неговата партија ги таргетира општинските совети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета му порача на Рама дека не се плаши од приказната дека бил шпион измислена со Баша

А1он

Мета: 180 милиони евра даночно затајување, напорите за борба против организираниот криминал ќе бидат поткопани

А1он

Мета: Владата мора да се жртвува, треба помалку да краде