Месиќ: Четнички војвода или редизајниран Николиќ?

Од:

Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ изјави дека на српскиот претседател Томислав Николиќ му е е потребно време ,да се уигра и да го ослободи од хипотеките од минатото.
„Како што веќе направи неколку политички пресврти во својата кариера, може и сега да го направи таквиот маневар“, напиша Месиќ, во една статија за новосадски „Дневник“.

Тој додаде дека на Николиќ треба отворено да му се каже што не може да се толерира и да му се остави период на прилагодување.

„Во тој период ќе се утврди дали имаме работа со Николиќ, четнички војвода, или со редизајниран Николиќ, свесен за реалноста во кој живее, а уште повеќе, потребата на земјата на која што тој застана на чело“, изјави Месиќ.

Оцени дека Николиќ, првата шанса да се покаже ќе биде дали ќе знае да се постави така што нема да биде пречка за регионалната соработа во политиката према Босна и Херцеговина
„Ако има сила да го направи она што неговиот претходник нема, велејќи им на Србите во Босна: Таа е вашата татковина, Босна и Херцеговина, вашиот град е Сараево, и да бараат решение за нивните проблеми таму, тогаш ќе знаеме со каков претседател на Србија имаме работа“, рече Месиќ.

Тој рече дека Србија не мора да го признае Косово никогаш, но мора да им овозможи на другите во регионот да соработуваат со Косово и мора да ја отвори својата граница со Косово, на крајот поради перспектива на локалните Срби.

„Иднината не е во е промена на границите, туку во нивното отворање“, изјави Стјепан Месиќ.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски