Меркел во јануари во дводневна посета на Атина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел, ќе ја посети Атина, најверојатно на 10 и 11 јануари, објави грчкиот весник „Катимерини“. Причината за дводневната посета, според весникот, е да изрази поддршка за грчката влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент и да испрати позитивна порака по излезот на Грција од меморандумите.

-Изборот на датумот не е случаен: неколку дена подоцна, доколку не се случи нешто непредвидено, владата на Заев ќе ја заврши предвидената уставна ревизија, а Договорот од Преспа ќе тргне кон грчкиот Парламент. Како што споменуваат информации од германската престолнина, госпоѓата Меркел сака, со посетата, да даде поддршка за грчкиот премиер, бидејќи договорот влегува во завршна фаза, пишува „Катимерини“ и потсетува дека Берлин беше активен во првата половина на годината за Атина и Скопје да стигнат до решение.

Според весникот, Меркел освен со претседателот и премиерот на Грција, ќе има средби и со лидерот на опозициската Нова демократија, а не е исклучена можноста да се сретне и со млади Грци.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори