Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Србија, Албанија и БиХ имаат добри шанси да станат членки на Европската унија, пренесува германската агенција ДПА.
– Ако се имаат во предвид сите потешкотии со кои се соочуваат овие земји, се забележува напредок, изјави Меркел пред нејзината посета на Албанија, Србија и БиХ.
Според неа, единствено со залченувањето во ЕУ, овие држави ќе ги надминат сите несоглсувања кои ги имаат меѓу себе.
Меркел во текот на следната недела ќе ја посети Албанија, од каде попладнето заминува за Белград, а следниот ден ќе отпатува во БиХ.
Германската канцеларка се претпоставува дека ќе разговара за бранот мигранти кои се упатуваат во Германија. Македонија не е спомната, ниту е планирана за посета во текот на дводневната балканска турнеја.