Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европската унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ.

– Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние тоа го знаеме од искуство, посочи Меркел.

Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот мора да му се врати јасната европска перспектива.

– Западниот Балкан не е заден двор на Европа, туку наша дневна соба, го повтори Керн својот став, оценувајќи дека Европската унија на терен изгубила, а во исто време се зголемило руското, кинеското, вахабиското, но и турското влијание.

Тој посочи и дека новиот американски претседател Доналд Трамп покренал нова диманика за Западен Балкан и нагласи дека „не смее да се дозволи формирање на воневропски сили“.

– За Австрија, Западниот Балкан се уште е регион во кој може да го застапува своето надворешнополитичко влијание, посочи Керн.

Тој додаде и дека регионот може да послужи како пример за постапување со миграцијата.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа